Кога треба да се биде претпазлив при пиењето на комбуха?

⚠️ Бидете внимателни при конзумирањето!

👩‍🍼 Бремени жени

Бременоста и раѓањето на деца за прв пат најчесто е стресно и доведува до анксиозност. Новите мајки се прашуваат дали комухата би им помогнала и одговорот е очигледен. Пробајте. Доколку организмот прифаќа, тогаш е за вас. Ако веќе пиеш комбуха чај, тогаш нема причина зошто би прекинала токму сега. Ако комбухата е нешто ново што би го пробала за време на бременоста, можеби е најдобро да пробаш кога ќе заврши.

Како што веќе зборувавме погоре, секој што почнува да пие комбуха може да ги осети тие „симптоми на здравеење“. Во секој случај не треба да се конзумира повеќе од 1-2 чаши на ден. Има некои жени кои за време на бременоста осетиле дека комбуха чајот повеќе не е за нив, заради засилениот мирис и вкус, поради менувањето на хормоните на жената. Тоа се сосема нормално и организмот сам кажува дека тој пијалок не е за вас во тој период. После бременоста може повторно да се проба. Други жени кажуваат дека за време на бременоста почнале да пијат комбуха чај бидејќи им се допаѓал.

👦 Млади деца

Кога да им понудиме на нашите деца да пијат комбуха е сопствена одлука. Спротивно на возрасните луѓе, децата најчесто ја обожуваат комбухата веднаш. Можеби соковите, другите слатки пијалоци и процесирана храна го немаат преоптоварено нивниот организам и затоа вкусот е поприфатлив за нив. Која и да е причината, дури и ако направат кисела фаца на првото пробување, тие скоро сигурно ќе сакаат да пробат пак.

Некои родители се одлучуваат да не им даваат на децата каква било ферментирана храна кои имаат помалку од 12 месеци заради различни причини. Обично заради недоразвиениот имун систем на децата кое може да предизвика алергии. Повеќето родители прифаќаат, дека после тој период децата можат да јадат ферментирана храна, меѓу кои и спаѓа комбуха чајот.

Како и со секој нов корисник на комбуха чајот, треба да се започне со мали количини до пола чаша на ден. Ако видете дека организмот го прифаќа, може да се зголеми количината на една чаша. На овај начин родителот може да набљудува дали доаѓа до некои несакани дејства како дијареа и сл.

🤧 Луѓе со нарушен имун систем

Општо, луѓето кои имат проблем со имуниот систем, треба да внимаваат при внесувањето на ферментирана храна во организмот. Истовремено, ферментираната храна и пробиотикот може да го подобри здравјето на многу луѓе кои имаат ослабнат имун систем. Луѓето кои имаат поспецифични болести, треба да внимаваат исто така, се разбира најпрво со внесување на мали количини и набљудување како организмот реагира на тоа. Доколку се е во ред, може да се зголеми количината.

Луѓето кои внесуваат комбинација на лекови на дневна база, исто така треба да бидат повеќе внимателни и да внесуваат само мали количини дневно, додека организмот не се навикне.

  • Луѓето со оштетен црн дроб, треба посебно да внимаваат при конзумирањето на комбуха чај
👇 Се надеваме дека ви се допаѓаат нашите текстови. Скролај најдолу и зачлени се да добиваш известувања за секој следен пост!