Предности на комбухата
Кога секоја ферментирана храна нуди разноврстни хранливи материи што може да се добијат, тогаш зошто би пиеле комбуха чај? Одговорот на ова прашање е истовремено очигледен и мистерија. Очигледно е дека комбуха чајот е најразноврстниот ферментиран пијалок на светот. Се конзумира во кој било дел од денот, може да се пие и сладок и малку киселаст (кој како што преферира), истовремено одговара да се пие покрај солени и слатки јадења, дали тоа е пица или чоколадо. Во многу домови насекаде во светот се користи како замена за газирана вода, алкохол или кој било пијалок од продавница како замена за многу поздрава и домашна алтернатива.
Комбухата може да ја најдеме скоро секаде каде што е населен светот и е примерна за кој било начин на исхрана. Е многу лесна и безбедна за подготвување дома поради тоа што се користат веќе постоечкиот кујнски прибор, кој секој го има дома. Заради овие причини, затоа и толку е честа и во кујните. Сепак комбухата е и на некој начин мистерија. Некои луѓе неможат да го прифатат вкусот и со тоа не ја уживаат, некои па ја пијат секој ден но сепак не сакаат да ја произведуваат дома, се одлучуваат да ја купуваат од продавница. Луѓето се среќаваат со комбухата на различни начини, но скоро секогаш се сеќаваат на првиот пат кога ја пробале. Многу луѓе почнуваат да пијат комбуха, зато што слушнале дека има многу позитивни влијанија на нивното тело и често осетиле промена за релативно краток период. Но треба да знаеме дека комбухата не лекува одредени проблеми, туку дава баланс на телото со што имуниот систем и психолошкиот систем подобро функционираат.
⚖️ Балансирање на организмот со комбуха
Многу често се конзумира токсична храна и притоа луѓето се жалат дека се уморни и немоќни без да сфатат дека дневно внесуваат буквално ѓубре во телото. Пиењето на комбуха на празен стомак е одличен начин да се осетат здравите ефекти на самото тело многу брзо. Почнувајќи со една чаша на ден наутро, ќе се забележи разликата како телото го чувствуваме. Комбучата го стимулира телото само да каже која храна ја прифаќа и добра за него, а исто така која не. Некои сега се запознаваат со ферментирана храна, може да се осеќаат многу повеќе полни со енергија, за разлика од тие кои редовно конзумираат таква храна. Некои па имаа спротивно влијаније и можат да поминат еден ден во кревет или па во тоалет (Херксхајмерова реакција). Нема точен начен на тоа како да се одреди кој храна нашето тело прифаќа, освен тоа да се проба во мали количини.
😷 Како влијае комбуха чајот на нашето здравје?
👉 Ќе наброиме неколку бенефиции за тоа како комбуха пијалокот влијаје на нас:
- Ја стимулира здравата бактерија во стомакот и цревата
- Ја балансира хомеостазата
- Ја одржува функцијата на црниот дроб
- Го поттикнува метаболизмот
- Ја подбрува дигестијата и работата на дебелото црево
- Дава енергија
- Го намалува крвниот притисок.
- Помага при главоболки и мигрена
- Ја намалува појавата на камен во бубрезите
- Ги уништува празните молекули кои потенцијално создаават рак на телото
- Стимулира регенерација на клетките
- Го подобрува видот
- Лечи од егзема
- Спречува артеросклероза
- Го забрзува заздравувањето на чир во желудникот
- Помага при лекување на кандида
- Го намалува нивото на шеќер во крвта (го регулира од ненадејни зголемувања и намалувања)
Сигурно се прашувате како може еден ваков пијалок да е добар за толку многу работи? Комбухата е само здрав пијалок кој не лечи никаква болест, туку е само здрава храна и помага во спречувањето на болести, на начин што го подобрува имуниот систем. Кога чувствуваме дизбаланс во нашето тело, дали тоа се дигестивни проблеми или слично, телото ни кажува дека нешто има проблем и организмот создава стрес со цел да се излекува самиот себе. Комбуха чајот само го стимулира тоа, за телото да почне да се бори против отровите и проблемите.
💡 Како комбуха чајот го ослободува телото од стрес?
Стресот е едно од највредните одбрамбени механизми на нашето тело. Кога нашето тело забележи закана, создава адреналин и кортизол хормони, и со тоа се зголемува отчукувањето на срцето, се изоструваат сетилата и мускулите стануваат спремни за акција. Тоа точно што му требало на човекот да преживее во дивината.
Модерниот човек се соочува со сличен стрес, но скоро никогаш опасен по живот и во секојдневниот живот дава лажна реакција на организмот. Тоа подоцна доведува и до анксиозност и депресија доколку не е негувано. Иако многу лекови кои го намалуваат ваквиот непотребен стрес, нот тие не го решаваат првичниот проблем зошто овај стрес се појавува. Но има решение! Секојдневно вежбање, доволен сон (минимум 7 сати), уживање со пријателите, поврзување со природата и исклучувањето од технологијата и медиумите заедно со комбуха чајот е точниот рецепт за регулирање и ослободување на таквиот стрес. Прочитајте ги 5-те точки како комбухата помага при стресот:
- Комбухата е адаптоген - адаптоген е растение кое го нормализира и балансира телото, со што телото и нашата психа профитираат. Исто така обезбедува заштита на црниот дроб и го намалува нивото на шеќер, подобрува имунитетот и дава енергија.
- Комбухата стимулира здрава дигестија - комбуха пијалокот го регулира дигестивниот систем со зголемување на киселините во стомакот. Киселините за стомакот се клучни за полесна дигестија и апсорпција на хранливите материи од храната. Зато стресот најчесто го чувствуваме најпрво во стомакот и подоцно во вид на чир.
- Комбухата содржи витамин Б и Ц - содржи витамин Б1, Б6 и Б12 кои се познати за борбата против депресија, стабилизација на расположението и подобрување на концентрацијата. Исто така содржи витамин Ц, кое го намалува нивото на котризол (еден од хормоните на стрес). Високо ниво на кортизол доведува до тензија, депресија и нарушена менталност.
- Комбухата го намалува кофеинот и шеќерот - пиење на комбуха наместо кафе или чај наутро значи помалку кофеин во вашето тело. Таинот во чајот иако е во многу мали количини е доволен за фокусираност и смиреност во текот на денот.
- Малата количина на алкохол има корисен ефект - Комбухата не е алкохолен пијалок како пивото и виното, но има мали количества на алкохол. Најчесто купечката комбуха има под 0,005% алкохол (тоа е барем 10 пати помалку од пивото). Заради тоа што има малку алкохол, значи и го намалува нивото на стрес.
🤔 Како да започнам да пијам комбуха?
Кога комбуха пијалокот го пробуваш за прв пат, започни пополека. Пиј една мала чаша на ден, може и мешана со вода наутро на празен стомак. Потоа следи како стомакот би реагирал во следните неколку саати. Доколку телото реагира позитивно, може да се зголеми конзумирањето во следните неколку дена.
- Се препорачува да се пие од 1-2 чаши на ден
Запомни, сето тоа да се прави пополека. Во зависност од организмот, некое тело реагира поинаку, што доведува до детоксификација и симптоми на лекување на телото. Ако тоа го почувствувате на вашето тело, намалете ја количината. Може да се осеќаш гладен кога прв пат ќе почнеш да пиеш комбуха. Тоа е нормално и покажува дека комбухата го снабдува телото со потребните витамини за телото да функционира правилно. Комбухата е тоник, што значи најдобро е да се конзумира во мали количини и редовно. Доколку забележите дека телото го прифаќа овој пијалок, можете да ја зголемите количината на 3-4 чаши на ден. Сепак нема правило за тоа колку човек треба да конзумира комбуха чај, но во секој случај не треба да се претерува.
🚻 Како да ги убедам пријателите и роднините да пијат комбуха чај?
Сите знаеме пријатели и роднини околу нас на кои би му придонесло бенефит во нивниот живот. Но, повеќето луѓе не сакат да добиваат лекции за нивното здравје, особено ако не прашале за ваш совет. За да се избегнат овие непријатности ќе наброиме 5 трикови што можеби би помогнале околу тоа.
- Донеси комбуха на забава со пријателите и означи ја како чај со вкус и остави ја за самите да ја откријат и пробаат. Забележи како луѓето прават фаци кога прв пат ќе ја пробаат 😂. Биди спремен да одговориш на многу прашања!
- За тие што се двоумат понуди им да ја замешаш со вода и мраз. Со тоа се намалува киселкастиот вкус и јакиот мирис.
- За љубителите на газирани сокови понуди ја комбухата во нивниот омилен сок. Со тоа ќе ги добијат сите бенефиции од комбухата, со тоа што вкусот ќе биде скриен во нивниот омилен сок.
- Понуди им комбуха на тие што нон-стоп зборуваат за здрава исхрана!
- Може да се направат безалкохолни и алкхолни коктели со комбуха чај. Само имајте имагинација. (Следете не за да дознаете рецепти за коктели во следните постови)
🍋 Тестирај ја киселоста на твојот организам едноставно!
Кога прв пат ќе почнете да пиете комбуха чај, во зависност од вашиот организам, најчесто pH факторот е поинаков и со редовно пиење киселоста на организмот се изедначува. Тоа може да го осетите што процесираната храна станува поблага и неподнеслива за конзумирање, што е многу добро. Тоа значи помалку шеќери во вашето тело. За да ја измерите киселоста на вашиот организам едноставно сечете лимон и стистенето го вашата уста.
- Доколку лимонот е многу кисел и правите фаца, тоа значи дека во последно време јадевте многу шеќери и нездрава храна, во спротивно тоа нема да ви пречи.
☢️ Детоксификација и прилагодување на организмот при пиењето на комбуха
Лошата исхрана и хроничниот стрес се главните причини за сите модерни болести. Вашата лоша исхрана и стресот ќе доведат до дисбаланс и деградација на имуниот систем. Можеби не го разбираме телото како точно функционира но сепак сите знаееме дека тоа што го внесуваме преку нашата уста е многу важно и дека ферментираната храна многу им помогнала на повеќето луѓе.
- Кога телото е надвор од баланс, воведувањето на здрава бактерија како комбухата и други пробиотици го започнуваат процесот на детоксификација кое може да доведе до непријатни ефекти.
Всушност, тие луѓе кои не конзумираат воопшто ферментирана храна, може да доведе „процес на лекување на телото“, исто така наречено Херксхајмерова реакција. На почеток тоа може да се случи кај некои луѓе, но потоа организмот ја изедначува флората во стомакот.
Ова е класичен пример за тоа како после дождот секогаш доаѓа сонце. Ваквиот процес најчесто се јавува кај луѓето кои имале историја на болести и ослабнат имун систем (акни, осип, артритис итн.). Привремено осеќаат симптоми на настинка, болка во мускулите, главоболка, болки во стомакот но најчесто тоа исчезнува во рок од неколку сати или денови.
Доколку се ви се случи токму вас ваквиот процес на здравеење, без паника. Намалувањето на комбухата или комплетно престанувањето за некое време е правото решение. За да не се повторат тие симптоми пратете ги следните совети:
- Пиете вода на дневна база доволно и пијте хербални чаеви
- Наспиете се
- Земете свеж воздух и излезете на сонце
- Избањајте се - класична детоксификација на организмот со сол, масла и тревки ќе помогнат во тоа
- Држете ги порите отворени - одете во сауна, туш итн.
- Престанете да јадете процесирана храна - чипси, чоколади
- Држете се настрана од секакви хемикалии
Најчесто на луѓето им поминуваа овие непријатни ефекти доколку ја намалат количината во следните неколку дена. Доколку проблемите не престануваат обратете се кај вашиот доктор.
🍸 Алкохол во комбуха?
Здрав алкохол можеби на прв поглед изгледа чудно, но лесно може да потврдиме дека алкохолот одиграл голема улога во здравјето на човекот низ историјата. Алкохолот бил првиот лек во човештвото. Нашите предци заедно со различни растенија го користеле за правење на различни сирупи за лекување. Таа мешавина била поттикната од процесто на ферментација со самите растенија замешани во алкохолот.
👇 Се надеваме дека ви се допаѓаат нашите текстови. Скролај најдолу и зачлени се да добиваш известувања за секој следен пост!