Историја на комбуха чајот
Иако комбухата потекнува уште од античко време, приказните се разбира се изменети во текот на историјата. Кога зборуваме за комбуха чај, најчесто помислуваме за чај кои го правеле нашите баби и е нешто што е традиционален и стар рецепт. И покрај тоа што е до некаде вистина, исто така треба да знаеме дека рецептот за комбуха напитокот е и исто така проверуван од научници најмалку последните дваесет години, од 2000-та година наваму. Во овој текст ќе ги истражиме фактите и лагите поврзани со овие така наречени „магични печурки“.
Легенди за комбуха чајот
Не опкружуваат многу легенди за тоа што комбуха чајот е, што од тоа е вистина и што не. И покрај тоа што сите легенди имаат мала вистина, едно е заедничко кај мајсторите што прават комбуха и тоа се, нејзините лековити својства на тие кои ја пијат и на тие кои ја предаваат на своите пријатели.
Кога ќе помислеме на пишаните докази за комбуха напитокот, историјата сама посебе не е толку далечна како и што и си мислеме. Едно е важно, ферментација, нешто што ни многу познато на сите нас.
Легендите за комбуха чај потекнуваат првично од Кина околу 221 век пред нашата ера. И покрај тоа што има различни легедни, сепак чајот како што знаеме потекнува од Кина и самите кинези практикуваат ферментација општо со илјадници години. Зато и им било многу полесно да ферментираат на различни начини, бидејќи процесот им бил доволно познат.
Но дали комбухата е 2000 години стара? Најверојатно не! Најраните пишани докази за комбуха чај се од времето на императорот Кин Ши Хуанг, кои наводно конзумирал напиток лингзи (ang. lingzhi), што се нарекувал елксир на бесмртноста. Општо познат кинески збор за комбуха напиток е хибао (ang. hibao), што во превод значи богатство на морето. Лингзи означува тип на печурки, не комбуха. Зато овај напиток е многу познат како и Печурка, поради тоа што и така наликува.
Треба да се знае дека овој чајот не беше толку познат се до доаѓањето на династијата Танг (618 - 907 п.н.е), отприлика илјада години подоцна после првото откривање на комбуха чајот од императорот Кин Ши Хуанг. Низ историјата на процесот на ферментација на тие простори, не е документиран самиот процес на ферментација на благ чај. Во Тибет на пример, знаеме дека ферментирале пиво, но не е воошто спомнат процес на ферментиран чај.
Поради овие истражувања, заклучено е дека чајот комбуха потекнува само од Кина и покрај тоа што е раширен до денешна Северна Кореа, Русија и Јапонија.
Што со Јапонија?
Според будистичките текстови во 414 г. п.н.е., имало некој напиток што го излекувал јапонскиот император од тешка болест. Исто така во Јапонија, тадиционално се конзумирал сладок чај, кои самураите го нарекувале комбу-ча (ang. kombu-морска трева, cha-чај). Лесно можеме да забележеме, како тогашните истражувачи погрешно ги сфатиле изразите.
Во Русија е ошто познато за тоа како Јапонија е заслужна за доаѓањето на комбухата кај нив. После Руско-Јапонската војна (1904-1905), која се водеше на истата територија, каде и што се верува дека потекнува комбуха чајот, што е многу блиску до градот Пекинг, денешна Кина. Иако нема некоја конкретна приказна, сите приказни за комбухата потекнуваат од северот на Кина. Сепак можеме да наброиме слични процеси на ферментација од овој тип. На пример како што е кефирот, кој е исто познат и на нашите простори во европа.
И покрај тоа што многу држави тврдат од каде доаѓа комбухата, дали то е Кина, Русија, Кореа или Јапонија, комбухата останува. Ферментацијата е магична, се шири насекаде, и во последно време станува многу популарна и кај нас, првенствено заради нејзините лековити својства.
Германски и руски научни истражувања (1920-1960)
Германскиот научник Др. Вилхелм Хенеберг (Dr. Wilhelm Henneberg), во 1926 година издаде прирачник на ферментирани бактерии, со фокус на киселоста на бактериите и квасецот. Во 1927 година, Др. Герард Мадаус (Dr. Gerhard Madaus), во магазинот Арт на Лекувањето, напиша како комбухата помага во регенерацијата на клетките и како помага за артериосклерозата. Во истата година, Е. Динслаге Анд В. Лудорф (E. Dinslage and W. Ludorff) објавија статија на нивните истражувањаа за така наречената Индиска Печурка од чај. Во 1928 година, професор доктор Лаковиц (Prof. Dr. N. Lakowitz) објави труд за Печурка од чај и квасец од чај, и како тоа помага во дигестивните проблеми и сите проблеми поврзани со староста. Др. Максим Бинг (Dr. Maxim Bing) во 1928 и 1929 година објавува трудови за тоа како комбухата лекува високиот крвен притисок, главоболки, подобрување на еластичноста на мозочните капилари. Во 1929 исто така Др. Е. Араунер (Dr. E. Arau ner) објавува нов труд за како овај чај од печурка лекува дијабетис, анксиозност, артерисклероза, хемороиди и многу повеќе и дека оваа печурка е користена во Азија со векови.
Покрај германските истражувања имало и руски. Во 1915 година професорот Стефан Базаревски (Prof. Stephan Bazarewski) напиша дека познат е Латвиски лек таканаречен магична печурка, која лекува доколку е конзумирана често. Др. Шербачов (Dr. Scherbachov) во 1931 објави труд во фармацевскиот магазин за тоа како комбухата влијае на проблемите со дигестијата, намалувањето на високиот крвен притисок, запушени вени - артеросклероза. Од 1942 до 1955 година рускиот истражувач К. Доубровски (K. Doubrovsky) пробвал да открие како комбухата може да помогне во хроничните болести. Во 1950 после барањето за повеќе истражувања на оваа печурка, три доктори во Омск болницата, објавуваат истражувања спроведени во врска со дигестивните проблеми, ангина и многу повеќе. Тие резултати биле објавени во локален весник и заради тоа следуваа многу повеќе истражувања во цела Русија до 1960-та година, кога се престануваат сите истражувања во Русија, окривувајќи ја Студената Војна за финансирањето.
👇 Се надеваме дека ви се допаѓаат нашите текстови. Скролај најдолу и зачлени се да добиваш известувања за секој следен пост!