Митови за комбуха чајот

Многу често се шират различни дезинформации за тоа што комбуха чајот е и како влијае на нас. Во овој пост, ќе ве ги кажеме седумте митови за комбуха чајот и што од тоа не е вистина.

🍄 Мит број 1 - Комбухата е печурка

Општо познато е дека комбуха културата (SCOBY) всушност изгледа како и печурка и затоа е така нарекувана многу често. Таксономијата е наука, која ги изучува овие работи сепак ги става фунгите/печурките во истата фамилија со комбуха културата. Сепак тие се многу различни меѓу себе но името останува да се употребува и понатаму.

🪓 Мит број 2 - Металот ја убива комбухата

Користење на лажица или ножици метални неколку секунди, нема да ја уништи комбуха културата. Тие заклучоци се грешни, но сепак треба да се знае за правење на комбуха напиток се препорачува да се користи челик од типот 304 или подобар или стакло. Сепак процесот на правење комбуха напиток, може да доведе до разградување на металот и да испуши штетни материи доколку се користат други материјали за чување на напитокот.

❄️ Мит број 3 - SCOBY (печурка) треба да се чува на ладно

Често познато е, дека комбуха печурката може да се стави во фрижидер со цел да се заштити. Тоа е тотално погрешно, бидејќи со намалувањето на температурата, бактериите во комбуха кулутурата престануваат да работат и неможат да се заштитат од мувла и на тој начин се уништува. Комбуха културата секогаш треба да биди во тие услови каде што може да се множи и опстојува. Зато е голема веројатноста следното правење на комбуха напиток да се развие мувла.

🥵 Мит број 4 - Дехидрираната печурка (SCOBY) е издржлива подолго време

Проблемот со дехидрирана комбуха култура е слична со чувањето на ладно. Бакетријата станува толку слаба и неможе да се штити од мувла. Ако културата не е заштитена со течноста (стартер) која има заштита и убива штетни орагнисми доколку има контакт. И ако сакаме да ја вратиме дехидрираната печурка во нормала, може да земе и до шест месеци пред да се направи нова серија. Сепак е многу голема веројатноста да се развие мувла.

🧪 Мит број 5 - Комбухата го прави телото кисело

Телото е комплекесен и чудесен организам, кој знае како да одржи баланс кога се работи за киселост на организмот. Тоа го прави со различни органи на различни начини, како што се белите дробови, бубрези и дигестивниот систем. Сигурно и сме слушнале што тип на храна треба да внесуваме со цел да ја намалиме киселоста на организмот со различни диети.

За комбухата се зборува дека го скиселува организмот. То е не е вистина! Комбуха напитокот делува на ист начин како што е лимонадата или киселината и влијај на алкален начин.

🚷 Мит број 6 - Правењето комбуха дома е небезбедно

Кога правите дома комбуха, треба да се грижите само за една работа и тоа е да пазете да не доведе до мувла. А мувлата знаеме скоро сите како изгледа. Сина, црна или бела на самата печурка може да се забележи. Доколку забележите мувла, важно е да се истури и фрли печурката на ист начин како што правите кога ќе мувлоса сирење или леб. Доколку имате јак стартер течност и ги следите инструкциите како да направите комбуха напиток, успехот е скоро неизбежен.

💊 Мит број 7 - Комбухата е лек за се

Да се вратиме на почеток уште еднаш. Комбухата не е лек и не лекува ништо! Комбухата всушнот прави детоксификација на телото и на тој начин имуниот систем работи подобро. Може да се рече дека е како некој вид на филтер за штетните материи во организмот. Комбухата е адаптоген, што во превод значи дека не е штетна и не е специфична за една работа. Тоа значи дека влијае на целото тело и не само на една работа. На пример во случај да сакате да слабнеете или да придобиете тежина, комбуха напитокот може да помогне во двете работи.

👇 Се надеваме дека ви се допаѓаат нашите текстови. Скролај најдолу и зачлени се да добиваш известувања за секој следен пост!