Ферментација?

Процесот на ферментација на многу од нас ни е добро познат, особено на постарата генерација. Порано кога немало продавници и пазари да се купат, сите дома правеа кисели краставички и скоро сите можни зеленчуци кои може да помислиш на ист начин. Тоа се вика ферментација. Ферментацијата во светот е позната уште многу одамна, од античко време. За целосно да го разбереме процесот на ферментација, треба подлабоко да погледнеме во микроорганизмите и човекот и како тоа влијаје во не само во негативна но и во позитивна смисла. Факт е дека ферментираните производи се многу познати, и во иднина ќе ги гледаме уште повеќе, најчесто заради тоа што се здрави за нашето тело.

👀 Која е улогата на бактериите?

Бактериите и човекот еволвирале заедно милиони години. Уште од настанокот на космичката прашина, бактериите еволвирале во од едно-клеточни организми во софистицирани суштества и организми, човечки клетки, бактерии, вируси, паразити итн. Истражувањата кои беа спроведени во последно време, ни го изменаа погледот кон бактериите. Експериментите кажуваат дека на човекот му се потребни различни бактерии да функционира нормално.

👉 Интересни факти
  • Бактериите можат да се најдат во најекстремните услови, како што се вулкани, Антарктикот, радио активни бранови.
  • 1 милиметар вода содржи 1 милион бактерии.
  • 1 грам земја содржи 40 милиони бактерии.
  • Се претпоставува дека бактериите се заслужни за половина од кислородот на планетата Земја. Без нив не би можеле да дишеме!
  • Човечкото тело зодржи околу 10 трилиони човечки клетки и 90 трилиони бактериски клетки.
  • Сите бактерии во твоето тело, заедно тежат 2 килограми.
  • Истражувачите пронајдоја 2375 типови на бактерии во стомакот, од кои 1500 не ни беа познати.
  • Дигестивните бактерии во нашето тело се околу 1000 различни типови.

💡 Зошто треба да конзумираме ферментирана храна?

Иако бактериите изгледаат на прв поглед страшни, сепак повеќето од нив не се наши непријатели. Ферментираната храна е полна со пробиотици, од кои многу се здрави за нашето тело. Сигурно и многу луѓе можат да најда ферментирана храна и сега во нивниот фрижидер. На пример сите видови на сирења, пршут, салами, јогурт, краставички во тегла итн.

Кога ферментираната храна е направено правилно, многу лесно помага во апсорбцијата на потребните хранливи материи, витамини, протеини, го подобрува имуниот систем и создава имуноглобин. Со конзумирање на ферментирана храна, нашето тело добива многу повеќе со помалку работа. И покрај тоа што ферментираната храна е многу здрави, исто така се користи многу бидејќи може да се зачува за време на зимата (тоа и што нашите баби и дедовци го правеле примарно). Здравите киселини создадени од бактериите за дигестија, ја разградуваат храната и така настанува тој интересен мирис и вкус.

Ферментираната храна може да се најде скоро секаде во светот низ историјата. Исто така е многу позната за бремените жени, кои многу често се хранеле со високо квалитетна ферментирана храна, за поздраво тело, нивниот плод, создавање на повеќе млеко итн.

🫖 Што е ферментиран чај?

Во процесот на ферментација, чајот кој е веќе еден од најпопуларните пијачки во светот, станува газиран свеж и секако дека здрав. Како и во секоја ферментација, SCOBY (Symbiotic Culture of Baceteria and Yeast), кај нас ги нарекуваат печурки, независно дали се работи за печурка за кефир, печурка за комбуха чај итн. Заедно со веќе дозреана комбуха (се нарекува и стартер), која е најмалку 2 недели стара, шеќер и различни зачини и овошје се создава комбуха чајот. Потоа на ред доаѓа така наречената втора ферментација, со цел да создаде меурчиња и чајот да стане газиран (подетално во идните постови).

Ферментираниот чај го подобрува дигестивниот систем на човекот и со тоа и имуниот систем.

🏺 Какви ферментирани напитоци пиеле нашите предци?

Една од најпознатите ферментации е претворувањето на водата што не е за пиење во вода за пиење со малку алкохол, со хранливи минерали - помисли на пиво, вино. Модерните газирани сокови пробуваат да ги емитираат тие стари ферментирани напитоци, но се далеку поштетни, сепак тие фирми профитираат многу (на пример Кока Кола).

Можеби едно од најстарите ферментации во праисториско време е мешањето на шумско овошје, мед, вода и див квасец. Ферментацијата одиграла важна улога во развојот на човечкото оштество.

Една од најважните и најкористена категорија на ферментација е производството на киселина, која сигурно се користи во секој дом. Секој процес на ферментација е сличен, само се користат различни продукти за да се добие поинаков вкус.

👉 Неколку примери на ферметирани пијачки
  • Chomez - Мешавина на масло од киселина со урми. Спомнат е дури во стариот завет и уште популарна пијачка во средниот исток до денешн ден, кој начесто се користи за освежување во големите горештини.
  • Oxymel - е комбинација од киселина и мед варени до степен да стане мешавината сируп. Хипократ, грчкиот филозоф, објаснува како се лекувале во 400 г.п.н.е.
  • Posca - Додавањето на вода во обична вода, ја прави водата безбедна за пиење и многу поосвежителна. Римјаните го практиувале овај начин за да останат здрави.
  • Shrubs - е сируп од овошје кој се чува во киселина. Првично бил направен да се зачува овошјето кое се собирало во една сезона, да може да се користи преку целата година. Станало познато во Америка, по нивното откривање од страна на Колумбо и им годело за оздравување после големиот пат преку атланскиот океан.
👇 Се надеваме дека ви се допаѓаат нашите текстови. Скролај најдолу и зачлени се да добиваш известувања за секој следен пост!